
ВМРО- ДПМНЕ: Доста позираш пред болничките шатори, фати се за суштинска работа, гужвата во јавниот превоз е потенцијална бомба за зараза
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје изразува згрозеност од популизмот и голото политиканство на Шетре Шилегов.
„Тој од обично монтирање на болнички шатори прави фама и нема ден, а да не се слика пред еден од нив. Па така правеше пи-ар кога кажа дека ќе се рушат бараките до Инфективната клиника, потоа правеше пи-ар кога го израмнија платото од дури половина квадратен километар, па потоа прави пи-ар кога ги поставија шаторите од привремената болница која патем е донација добиена во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Кога снегот ги сруши шаторите од болницата прескокна со пи-ар неколку дена, за да овие денови повторно се наврати на истата тема, промовирајќи шатор по шатор. И додека Петре е фрлен на пи-ар Скопје е фрлено на милост и немилост на пандемијата со корона и е со најголем број заразени,“ велат советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ
И дека позерот Шилегов прави пи-ар од шатори потенцијалната бомба е во гужвата во автобусите на ЈСП. Премногу е.
„Ако поради состојбата не ги коментираме детските игри на Шилегов, и се воздржуваме од критика, тоа не значи дека Шилегов може да ја навредува интелигенцијата на скопјани. Доста е позирање пред болничките шатори, Шилегов да се фати за суштинска работа, гужвата во јавниот превоз кој е потенцијална бомба за ширење на заразата. Тоа останува нерешлива енигма на градскиот татко кој е посветен на популизам а не ги решава потенцијалните жаришта кои се во негова надлежност. Доста позирање фати се за суштинска работа,“ порачаа советниците