ВМРО – ДПМНЕ да расчисти со криминалните структури во партијата

Предлогот за исклучување од партиските функции на Јанчев и Богданов е погрешен потег на ВМРО ДПМНЕ. Партијата според поранешниот пратеник Михаил пановски покажува недостиг од демократија кога бара нивно разрешување поради искажани различни ставови. ВМРО ДПМНЕ мора да расчисти една работа а тоа е да се дистанцира од криминалот на старото раководство, од луѓето кои ја бламираат партијата, вели тој .

„Партијата мора да се огради од 12 годишното владеење на Груевски зашто тоа има страшно влијание врз сите политички партии, сите се болни од груевизмот и од клиентелизмот. Се изгуби секоја идеологија кај партиите. Да ви биде јасно дека Груевски ја командува партијата. Сите се негов производ, Јанушев, Димовски. Во извршниот одбор има и чесни луѓе, но партијата треба да се дистанцира од старото криминално раководство и да ги повика финансиските институции да проценат што е имот на партијата а другото државата да си го земе назад, кажа Михаил Пановски – поранешен пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

Само партија која е исчистена од срамните опашки може да искочи пред народот и да бара  да се врати на власт , се друго вели Пановски е демагогија.Секој пратеник според него треба да биде ослободен од стегите поготово за вака важни чекори за иднината на државата.

„Партијата направи многу лош потег што се приклучи на кампањата на маргиналци како на тие што бојкотираа, се дозволи многу чесни луѓе да се изманипулираат и излажат,со појавување на демагози во медиумите. Договорот е добар за државата, да името ќе ни биде Северна, но 30 години преговараме, а ова е најдоброто решение, додаде Пановски.

И демократската фракција на ВМРО ДПМНЕ на Јове Кекеновски смета дека последните случувања се толку драматични за партијата,што  го надминуваат и внатрешниот судир од 1997 год. Иако е задоцнето вели тој, го поддржуваме расчистувањето со криминалните структури

„Не се согласуваме да има исклучување заради различни ставови, но сме да се расчисти со сите што ја девавираат партијата и кои ја влечат се подлабоко во бездната од која нема излез“, кажа Јове кековски демократска фракција на ВМРО ДПМНЕ.

Вчерашните предлози за исклучување и разрешување на функционери од партијата според Кекеновски нема да сопре, а ВМРО ДПМНЕ ќе биде се помалку битен фактор на политичката сцена.Затоа е важно вели тој да се одржи конгрес каде ќе се изберат најчесните луѓе кои и мислат добро и на државата и на партијата.

Виолета З Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ