
ВМРО-ДПМНЕ би можела да биде исклучена од Европските народни партии?
ВМРО-ДПМНЕ би можела да биде исклучена од Европските народни партии, ако продоложи да се однесува неконструктивно кон преспанскиот договор, брифираат членови на ЕПП за МИА.
Извори во оваа партија, објаснуваат дека однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ предизвикала голем гнев, кај највисоките челници на ЕПП.
Во неделата, претседателот на ЕПП, Жозеф Дол, телефонски разговарал со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пишува МИА.
Дол на крајно недипломатски и стого, го предупредил Мицкоски дека доколку ВМРО-ДПМНЕ не дозволи демократска дебата за усвојувањето на преспанскиот договор, партијата ќе мора целосно да ја сноси одговорноста за сите последици со кои ќе се соочи земјата.
Челници на ЕПП, му ставиле до знаење на Мицкоски дека една од можните последици, со кои се соочува ВМРО-ДПМНЕ, е исклучување од редовите на нивното европско семејство.
Според изворите на МИА во ЕПП, Мицкоски не влегол во конфликт со ЕПП.
Европската народна партија, е најголемата и највлијателната политичка група во европската унија, и во неа членуваат речиси сите демохристијански партии од земјите членки на Европската унија и земјите кандидати.