ВМРО ДПМНЕ бара Владата да прогласи вонредна состојба во Битола

Вонредна седница на Советот на општина Битола побара опозициската ВМРО-ДПМНЕ поради невремето со обилни врнежи од снег и поларни температури што деновиве ја зафати Битола. ВМРО ДПМНЕ бара Владата да прогласи вонредна состојба во Битола, итни мерки за справување со временските неприлики во кои ќе се вклучат  Дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот  крст, како и како координирана  акција на јавните претпијатија и полицијата за расчистување на сообраќајниците во градот.

  • Како причина за оправданоста на ваквата вонредна седница се екстемно ниските температури, големите врнежи од снег и зголемените повреди на граѓаните низ улиците во Битола, рече Елена ТРајчевска, советник од ВМРО-ДПМНЕ. 

Од  јавните претпријатија задолежени за чистење на снегот, велат дека состојбата во Битола е под контрола, нивните екипи со целокупната механизација  деноноќно  работат  на терен, исчистени се сите приоритетни сообраќајници, како и 70 проценти од споредните улици, а најголем проблем е населбата Баир, со стрмни и тесни улички која ќе се чисти во наредните денови.

  • Истото ќе продолжи во наредните денови и за време на викендот со зголемен број на луѓе. За првпат Нискоградба со целосна механизација и 24 часовна работа на терен го направи она што ниту една претходна гарнитура не го направила во вакви временски услови. Се посипаа големи количини на сол и ризла, но тие не делуваа после  -7 степени, изјави Методи Силјановски, директор на ЈП Нискоградба-Битола.

Од општина Битола информираат дека проодни се сите патишта до сите населените места, освен до селото Древеник, каде се правта обиди патот да се расчисти во текот на денот.

Емилија Мисирлиевски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ