ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Заев и предвремени

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Премиерот Заев и предвремени парламентарни избори.недобивањето датум за преговори е лоша и непосакувана вест. Треба да бидеме свесни дека државата влегува во едно големо разочарување а сето тоа е последица на погрешните политики водени во последните неколку години, рече лидерто на партијата Христијан Мицкоски.

Мицксоски порача дека е време за мудри, логични и одлучни одлуки. Нема да преземаат радикални чекори. Немањето датум за преговори е резултат на лошите реформи.

Мицкоски е оптимист дека дека ќе се добие датум за почеток на преговори затоа што ЕУ е наша стратешка цел. Тоа може да се постигне само преку борба против криминалот и корупцијата.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ