Македонија ВМРО – ДПМНЕ бара основање на Aнкетна комисија за работењето на СЈО
Анкетната комисија ќе треба да ги утврди прекршувањето на законите и злоупотребите во работењето на СЈО, каде биле потрошени 15 милиони евра кои биле доделени за функционирање на институцијата и на кој начин се вршеле вработувањата.
За обвинителните акти и судските предмети нема да се расправа. Комисијата ќе има 10 членови а претседателот ќе го номинира ВМРО – ДПМНЕ.
Ќе бидат поканети набљудувачи од американската, Холандската и шведската амбасада со цел да се утврди каде завршиле нивните донации.
ВМРО – ДПМНЕ очекува подршка од сите политички партии но СДСМ не прифаќа.
Партиите на Албанците прво ќе ја разгледаат предлог одлуката па дури потоа ќе се произјаснат.
Јулијана Пешевска



