ВМРО-ДПМНЕ бара одржување на итна лидерска средба

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно реагираат дека веќе шести ден од Владата бараат одржување на лидерска средба кои, според партијата, се доволен период и за усогласување и на термините со лидерите и доволен период премиерот Зоран Заев да и објасни на јавноста што се случува со преговорите за името. Според партијата, Заев не смее да ја узурпира добиената позиција и да наметнува решенија за кои јавноста не е информирана.

„Затоа со цел да се оттргнат сите сомнежи, и да се види што е тоа што го крие Заев и СДСМ бараме уште еднаш итна и неодложна лидерска средба каде освен носителите на преговарачкиот процес премиерот Заев и министерот за надворешни работи Димитров, би учествувале лидерите на политичките партии и претседателот на државата“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ