
ВМРО-ДПМНЕ бара Јовески да присуствува на разговорите за Законот за ЈО, СДСМ не прифаќа
ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствува на средбите на работните групи на кои партиите треба да се договори Законот за јавно обвинителство, но услов за тоа е на средбите да присуствува државниот обвинител Љубомир Јовески.
По подогла пауза, партиите се сретнаа попладнево во Собранието, да разговараат за законот кој ЕУ очекува да биде донесен до распуштање на Собранието но средбата траеше помалку од половина час.
За власта предлогот Јовески да присуствува на средбите е неприфатлив, соопшти министерката Рената Десковска. Рече дека тие ќе продолжат да работат на обезбедувањето 80 гласови за подршка на законот.
На средбата се присутни сите пратенички групи, претставници на американската амбасада и на Канцеларијата на ЕУ и невладини организации.
Средбата траеше 15 минути. ВМРО-ДПМНЕ доставиле два предлози. Првиот да се организира јавна расправа на која ќе присустуваат стручњаци од областа на кривичното право, што било прифатено од министерката за правда Рената Дескоска. Вториот предлог е и условот Јовески да присуствува на овие средби затоа што тој треба да го даде своето мислење за можното законско решение.
Власта и опозицијата една година не мoжат да се договорат околу Законот за јавно обвинителство. Министерството за правда достави четврт предлог-закон, но за ВМРО-ДПМНЕ не е прифатливо обвинителите од поранешното СЈО да станат дел од тимот на обвинителската Вилма Рускоска.
Забелешки има и за изборот и разрешувањето на државниот обвинител кој ќе зависи од Советот на обвинители. Партијата смета дека тој треба да биде избран на прелдог на опозицијата.
СДСМ смета дека предлозите на ВМРО- ДПМНЕ се несериозни.