ВМРО ДПМНЕ бара итна лидерска средба

ВМРО-ДПМНЕ бара итна лидерска средба, уште утре, на која премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров во присуство на претседателот на државата Ѓорѓе Иванов би ги соопштиле деталите и насоките по кои се движат разговорите за името.

Како што соопшти денеска на прес-конференција генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, поради ваквото барање партискиот лидер Христијан Мицкоски ги прекинува својата работна посета на Италија и средбите со македонската дијаспора. Евентуалното постигнување договор меѓу Македонија и Грција за ВМРО-ДПМНЕ би било чин на заеднички компромис што подразбира и грчката страна да отстапи од некои свои позиции и барања.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ