ВМРО-ДПМНЕ бара и очекува подршка за Законот за амнестија од сите политички партии

ВМРО-ДПМНЕ очекува подршка за законот за амнестија од сите политички партии. Целта е национално помирување и враќање во нормалните процеси во државата. Со овој предлог ВМРО-ДПМНЕ подава рака за помирување, вели Драган Данев.

ВМРО-ДПМНЕ се уште нема изградено став за формирање на национално тело за помирување. Се ќе зависи од владејачкото мнозинство и можноста за прифаќање на Законот за амнестија. СДСМ се категорични. Законот е неприфатлив затоа што според тоа би довело до мешање во работата на судството.

За ВМРО-ДПМНЕ, со неприфаќањето на законот, власта само ќе покаже дека е за селективна правда а како пример ги посочуваат дел од пратениците кои како обвинети за настаните од 27 април гласаа за потребата од уставни измени.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ