
ВМРО-ДПМНЕ бара да се отвори истрага за Катица Јанева
ВМРО-ДПМНЕ бара да се преиспита работењето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим и да се покренат обвиненија поради сомеж за извршен криминал. Според портпаролот Димче Арсовска на власта и требале 6 месеци да сфати дека Јанева работи лошо и не треба да биде на чело на СЈО.
Министерката за правда Рената Тренеска Дескоска во телевизиско интервју рече дека работните групи не разговарле кој ќе биде нов специјален обвинител и дека не се оптеретени дали ќе биде Катица, Фатиме, Ленче или некој трет. Немаме ниту право да бираме, бидејќи според нашиот предлог специјалниот јавен обвинител го бира Советот на јавни обвинители. Ќе видиме кој ќе конкурира и кого ќе изберат, вели Дескоска. Како министерство подготвени се да разговараат со ВМРО-ДПМНЕ за нивниот законски текст. Се што ќе значи обид за скриена амнестија нема да прифатат. ВМРО-ДПМНЕ негира дека бараат амнестија за своите функционери.
Во новото законско решение што го предлага ВМРО-ДПМНЕ се бара обвинителството суштински и физички да се одвои од судските функции. Се повикуваат на упатствата за улогата на обвинителството усвоена од Осмиот конгрес на Обединетите нации во 1990 година.текстот ќе го достават во наредните две недели.
Јулијана Пешевска