
Влошено здравјето на Боки 13, неспособен да присуствува на јавната седница за притворот
Бојан Јовановски ноќта ја поминал на интензивна нега во болницата 8 ми Септември.
Ова за Телма го потврдува неговиот адвокат Сашо Дуковски кој вели дека нема повеќе информации за неговата здравствена состојба.
Директорот на истражниот затвро Есад Рахиќ вели дека затворскиот лекар вчера му го напишал упатот за на лекар по што биле известени дека тој ќе биде задржан.
За сега е неизвесно до кога ќе има лекарски третман. Од болницата само кусо одговараат дека се испитува здравствената состојба на пациентот
“Лицето БЈ е хоспитализирано во нашата установа заради спроведување контролни прегледи по медицина базирана на докази. Дијагностичките процедури се во тек. По завршување на целата постапка, стручниот колегиум ќе се произнесе за констатираната состојба” – потврдија од болницата “8-ми Септември”.
Во меѓувреме адвокатот на Јовановски вели дека размислува за да го повлече барањето за јавна седница на која треба да се одлучува по жалбата за притворот.
Според Дуковски ако состојбата му е влошена тогаш Боки 13 не може да присуствува на седницата.
Инаку Апелациониот суд го очекува мислењето од вишото јавно обвинителство за притворот на Јовановски по што ќе одлучува дали да му се укине или не. Јовановски постојано барал да оди на прегледи, а неговиот адвокат неодамна обвини дека здравствениот систем си поигрува со животот на Јовановски.
Лут беше и на обвинителството кое не дава позитивно мислење за да се брани од куќен притвор и покрај тоа што Русковска лично се уверила кога Боки 13 не успеа да и даде исказ во своја одбрана.
Инаку од тројцата обвинети во случајот Рекет само тој остана со мерка притвор додека, Катица Јанева и Зоран Милевски Кичеец се бранат од домашен притвор. Стартот на судењето е закажан за на 3 – ти Декември.
Билјана Николовска