
Влошена состојбата на првата пациентка од Дебар
Влошена состојбата на првата пациентка од Дебар на која и беше дијагностициран Kорона вирусот од утрово е на машина за вештачка вентилација. 15-годишно момче е едно од 4- цата ново заболени пациенти од Дебар и според министерот за здравство тие имаат лесна форма на болеста. Првата пацинетка позитивна на Корона е излечена и во понеделник ја напушта инфективната клиника. Без неа, официјалната бројка пациенти е 12, но се чекаат резулатати во текот на денот за уште 9 тестирани. Шест од Дебар, еден странец за кој тестирањето е преку Центарот за јавно здравје во Битола. Ќе бидат тестирани уште две лица кои биле во Шпанија и се пријавиле дека имаат покачена телесна температура.
Болницата во Дебар е организирана за сите пациентите од регоинот. Има посебн дел со посебен влез за сите пациенти кои ќе имаат симптоми, вели министерот Филипче. Итните случаи за кои ќе нема соодветна лекарска услуга со специјална дозвола од диркеторот на болницата ќе бидат пракани во болниците во Скопје или Струга
-Нашите информации се дека во Дебар е мирно, нема никакви проблеми, луѓето се мирни, целосно разбираат за што станува збор. Оваа засилена екипа лекари, ќе се зголеми ако е потребно и со екипи од Скопје, рече министерот.
Инспекторатите се на терен и следат дали се почитуваат мерките. Никој нема да биде поштеден, предвидени се сторги казни за загрозување на здравјето на граѓаните, порачува Филипче -Многу е битна свеста за заштита на здравјето.
Елена Ивановска Мукоска