Сулејман Реџепи влезе во улога на младоженец, излезе од улогата на реис

Влезе во улога на младоженец, излезе од улогата на реис. Токму 50 години помладата невеста, му пресуди на Сулејман Реџепи. Го разрешија токму најблиските – муфтиите кои стоеја зад него и неговите скандали сите иминати години. Аналитичарите сметаат дека после 14 години  – ова е крајот на Реџепи.

Токму невестата на Реџепи, 24 годишната  Емине Јатиши од Скопје, е потпретседателка на огранок на ДУИ во Студеничани. Ѓоргевски смета дека разрешувањето на Реџепи мора да има политичка поддршка.

Аналитичарот Јасмин Реџепи, наведува 4 итни чекори за да се решат проблемите во ИВЗ. Да се тргнат сите луѓе блиски со реисот, да се промени уставот на ИВЗ за да се дојде до регуларен избор, но и да се спроведе истрага за трошењето на парите во ИВЗ.

Сулејман Реџепи застана на чело на ИВЗ од 2006, и повеќепати е реизбран со мандат од пет години. Влезе со пукање – истата ноќ кога беше назначен противниците се огласија со калашњикови го нападнаа седиштето. Дојде и вети ред во организацијата, и им порача на противниците да ги фрлат пушките и да заборават на употребата на сила.

Но контроверзиите и скандалите продолжија. Останаа запаметени изјавите дека за  „гејови“ нема место во ИВЗ.

Клетви фрлаше кон новинари и судии, а безуспешен беше и последниот обид за негово разрешување кога лани заврши на суд. Поранешниот секретар на скопското муфтивство Скендер Бузаку достави документи до ОЈО обвинувајќи го за финансиски криминал тежок 700.000 евра на штета на верниците кои лани заминаа на аџилак.

Неколку пати во корона криза се закануваше на власта со гласовите на верниците и браше пари од државата. Последно се прослави со изјавата од пред неколклу денови. Честитајќи им го Рамазан Бајрам на верниците го прогласи „коронавирусот за мртов“.  Последната фотографија пак во јавноста е со неговата идна сопруга 24 годишната Емине Јатиши со која обзнани дека на 74 години станува младоженец.

Александра Филиповска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ