Власта ја поздрави одлуката на Богоевски

Владеачките СДСМ и ДУИ ја поздравија одлуката на Богоевски како храбра одлука од морални причини. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не е сосема задоволна: бара освен морална и кривична одговорност.

Премиерот Заев оцени дека Павле Богоевски е одговорен пратеник кој одлично ги извршувал своите обврски. Ја почитува неговата лична одлука да поднесе оставка и посакува соработката да продолжи.

И ДУИ го поздрави етичкиот потег на колегата.

Во опозициксата ВМРО-ДПМНЕ не се целосно задоволни и велат дека за вакво дело треба и кривично да се одговара. Очекуваат против Богоевски да бидат преземени мерки за обезбедување присуство, бидејќи тој како пратеник можел да влијае врз сведоците.

Богоевски беше еден од лидерите на Шарената револуција. По таа основа, на последните парламентарни избори се најде на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во Изборната единица 1. По оставката, испразнетото пратеничко место ќе го пополни социјал-демократот Александар Филиповски од Скопје.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ