
Власта и опозицијата се уште немаат договор кој ќе биде директор на ОТА
Нема договор помеѓу политичките партии кој ќе биде првиот директор на новата Оперативно техничка агенција ОТА. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ потврди дека разговорите меѓу работните групи се уште траат но договор не е постигнат иако оваа точка е ставена на дневниот ред на утрешната седница на Комисијата за избори и именувања.
Ниту власта ниту опозицијата не открива кој од 14 пријавените кандидати е влезен во потесниот избор. Се споменуват имињата на професорот Стефан Буџаковски, поранешниот контраразузнавач Ѓорѓи Лазаревски, експертот по сајбер криминал Димитар Богатинов, полковник Ковачки и други, но најчесто името на поранешнито министер Силјан Аврамовски.
Извори ан Телма велат дека речиси е неверојатно опозицијата да даде согласност Аврамовски да биде прв директор на ОТА а такви се очекувањата и на дел од експертите. Оваа функција треба да ја врши надворешно лице а не некој што целиот работен век го поминал во МВР, вели Павле Трајанов.
„Настојувањата се дека треба да е стручен но без полициско искуство, затоа што ќе доминира влијанието на МВР врз агенцијата. Подобро е тој да биде неекспониран, отпорен на влијанија на министри и УБК“, рече Трајанов.
Профункционирањето на ваквата агенција според Трајанов нема ништо битно да смени и преамбициозно е, вели тој да се очекува дека ќе прекине прислушувањето.
Улогата на ОТА ќе биде само техничка, и ќе служи како преносител на сигналот меѓу мобилниот оператор и институцијата која бара следење. Нема да може се собира податоци и да слуша разговори.
Изборот на директор ги проби сите рокови. Се очекуваше тој да биде избран до крајот на јуни а потоа да се донесе акт за внатрешна организација и распределба на вработените. Директорот треба да биде изгласан со две третини од гласовите во парламенот и со Бадентер. Процедурата за ангажирање на вработените предвидено е да заврши до септемрви, а откако ќе се адаптира објект за ОТА, агенцијата да почне со работа од први ноември.
Виолета З. Стојановска