
Власта и опозицијата се судрија околу ребалансот за буџетот
Наместо вештачки да ја зголемувате платата во приватниот сектор со субвенции – создадете бизнис клима компаниите да можат сами да даваат поголеми плати.
Мерката сега нема економска логика кога продуктивноста паѓа, туку е политичка – порача опозицијата на комисиската расправа за ребалансот на буџетот.
Од СДСМ возвратија, субвенциите за повиски плати ќе дадат резултати а компаниите не се присилени да ги зголемуваат туку им е оставен избор.
Опозицијата со критики и затоа што најмногу пари се кратат од образованието а се даваат на Фондот за иновации, каде имаше спорни финансирања.
Власта доби и критики за земјоделската политика што ја води.
Владејачкото мозинство пак набројуваше што се реализирале.
Најжестоките забелешки беа упатени за министерката за финансии, Нина Анѓеловска, која не присуствуваше на комисиската расправа за да го брани ребалнсот. Од ресорното министерство информираат дека Анжеловска е на службен пат во Њујорк.
Наташа Стојановска