
Власта и опозицијата не се договорија за законот за ЈО
Неизвесно е дали ќе продолжат натамошните преговори на работните групи. По 7 часа преговори, власта и опозицијата не најдоа заедничко решение, иако пред средбата беа оптимисти за договор. Новинарските екипи по два часот по полноќ го напуштија Собранието и не го дочекаа исходот од лидерската средба.
Според извори на Телма, од преговарачките тимови, власта и понудила на опозицијата да има две обвинителства кои би биле исти по ранг, едното да се вика обвинителство за висока корупција и да ги гони именуваните функционери, а шефот на ова обвинителство да го предлага опозицијата, што било неприфатливо за ВМРО ДПМНЕ. Ова обвинителств нема да може да има увид во предметот Рекет. Надлежноста би била времена, и со заштитни механизми при изборот. Опозицијата барала кај ова обвинителство да бидат префрлени и предметите од првите 18 месеци отворени од СЈО, барајќи можност за нивно застарување, одолговлекување и оневозможување на нивните судски завршници.
ВМРО-ДПМНЕ инсистирале со закон да се укинат предметите на СЈО отворени по 30 јуни 2017.
Преговарачите не постигнале согласност ниту за статусот на обвинителите.