Власта и опозицијата ги одмрзнаа преговорите за законот за ЈО

Воздржани за меѓусебни критики со заклучок дека средбата била конструктивна, со вакви оценки излегоа власта и опозицијата кои по подолга пауза повторно се вратија на преговарачка маса за законот за јавно обвинителство, овој пат во владата. На денешната средба ги отвориле полесните прашања и веќе ги приближиле ставовите за две прашања, начинот на финансирање на обвинителството и зголемување на одговорноста на обвинителите.  

Дали и колкав процент ќе се загарантира од државниот буџет за обивнителството ќе треба да се прознесе и Министерството за финансии. Жешките теми како оние за шеф на новото обвинителство за висока корупција и продожување на предметите на СЈО останува за некоја наредна средба. Денеска не сакаа да говорат повеќе околу овие прашања кај кои постојат клучни разлики меѓу власта и опозицијата.  Постои оптимизам до 15 септември да се донесе законот за ЈО

Не се исклучува неделава пред празникот да има уште една средба на работните групи доколку ги договорат и со нови теми за услогласување. На маса има два закона за ЈО. Ристовски рече законот поднесен од Владата е веќе во собраниска процедура и доколку се постигне договор забелешките на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат амандмански вметнати.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ