Власта и опозицијата да си го сменат менталитетот?!

Опозицијата се сомнева во капацитетот на институциите за реформи. Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, кој е и поренешен министер од редовите на ВМРО ДПМНЕ, денеска, пред еврокомесарот изјави дека државата има добри закони, но нема институции да ги спроведе. Владата, рече, презентира политика на еднаквост, а всушност прави што сака.

Попоски нагласи и дека, покрај власта,  и опозицијата треба да си го смени менталитетот и наместо само да седи, да понуди решенија.Скринингот, односно дијагнозата, според него, требаше да почне уште во 2005-та година. Тоа го спореди со дете кое, ако се родеше дете тогаш, сега ќе беше полуматурант, а сите имаат одговорност да му се помогне да си ја смени матрицата и да не заглави уште повеќе. Рече и дека, нема причини за концерти и славење, дека мора да се согледа дека луѓето кои се за проширување на ЕУ, полека стануваат малцинство, дека во ЕУ мнозинството се неутрално негативни. На ова реагираше вицепремиерот.

Обраќањето на Попоски беше проследено со насмевка од евроамбасадорот Самуел Жбогар, а европратеникот Иво Вајгл и му аплаудираше. Во своето обраќање тој беше остар и прецизен.

Еврокомесарот Јоханес Хан, пак, побара сите да се зафатат со работа, затоа што, како што рече, Македонија има рандеву со историјата.

Далиборка Дамјанска Цветановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ