Власта брза со законите за борба со корупција, експертите предупредуваат, мора добро да се осмислат

Ако се отвори интернет страницата на државниот завод за ревизија, последниот извештај е од средината на јуни, односно ревизорите веќе два и пол месеци не објавиле какво било финансиското работење на некоја од институциите. Слично е и со државната антикорупциска комисија која повеќе од половина година е без петмина од седуммина членови. Таму администрацијата ги прима преставките но не ги решава. Ова се двете институции кои имаат битна улога во битката за борба со корупцијата. Ревизорите немаат ниту прв човек, а собранието речиси и да не може да го избере. Во пнеделникот пропадна обидот, а претседателот на комисијата за избори и именување илија димовски се надева дека оваа недела ќе има нов обид.

Ме известија дека викендов привршуваат меѓупартиските консултации за тоа кој ќе биде прв човек не само на државниот завод за ревизија туку и на новоформираната агенција Ота. Ако е така возможно веќе во понеделник или вторник да биде свикана комисијата на која ќе се донесе одлуката, изјави Илија Димовски.

Слабите резултати од борбата со корупцијата одамна се критикувани од Европската комсија а се меѓу првите кои ќе бидат набљудувани дали нешто ќе се промени. Слаѓана Тасева, претседателката на Транспаренси е во групата експерти која работеше на измените на законот за спречување корупција. Пред неколку денови тие беа промовирани но само во делот на антикорупциската комисија. Вели дека за законот да биде ефективен ќе мора да се доработи а дел и од останатите кои се блиски на него да се спојат во еден.

Вицепремиерот  за европски интеграции Бујар Османои смета дека побитно од промената на законите е нивната имплементација. Според него европа и граѓаните веќе виделе дека власта е расположена за борба со корупцијата, а доказ како што вели е неколку кратното зголемување на степенот на конфискација на незаконски стекнат имот.

Инаку земјава ја потресоа неколку скандали во кои беа вклучени функционери токму од власта. За сега по допрен глас обвинителството отвори истраги дали се работи за корупција, но резултати од нив за сега нема.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ