Власта бара 80 пратеници за законот за ЈО

Социјалдемократите се оптимисти дека законот за Јавно обвинителство ќе влезе во собраниска процедура и ќе се обезбеди 2/3 мнозинство за негово усвојување. Ако се усогласи текстот на законот тогаш според координаторот на пратеничката група Јован Митрески нема пречка да се испочитуваат сите рокови за распуштање на Парламентот.

ВМРО-ДПМНЕ не се чувствуваат одговорни за законот  и ќе учествуваат во работните групи само доколку се прифатат нивните барања, текстот да го изготват експерти од уставното и кривично право.

Претседателот на Алијансата на Албанците Зијадин Села смета дека ниту една политичка партија не треба да го блокира носењето на законот.

Остануваат уште малку денови за договор. ВМРО-ДПМНЕ очекува Собранието да се распушти на 12 февруари а нивната иницијатива да биде подржана од сите партии на Албанците.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ