
Владините функционери не смеат да користат буџетски средства за кампањата
Државните функционери ќе се вклучат во јавната пропаганда за референдумот, но немаат право да користат јавни ресурси. Логично е да се очекува Владата да биде активна за време на камапањата затоа што таа беше предлагач на Законот за ратификација на Договорот со Грција, вели аналитичарот Насер Зибери.
За разлика од изборните циклуси, кампањата за референдум се разликува и во тој период не се забранети активности на министри и државни функционери како и огласи за вработувања.
ДИК се прогласи за ненадлежна околу учеството на функционерите во кампањата и судирот на интереси. Прашањето останува отворено и може да биде различно толкувано затоа што што во моментов не е формирана Антикорупциската комисија која треба да донесе акт со кој ќе се предвидат санкции за секое прекршување.
Јулијана Лефковска