Владиниот лирџет слета принудно на скопскиот аеродром, дознава Телма

Авионот на владината СОЗР кој се користи за летови и патување на државните функционери имал дефект и слетал принудно во итна постапка на аеродромот во Скопје, дознава Телма.

Вонредното “emergency” слетување на авионот од марка лирџет се случило околу 12.35 часот. Нема повредени, а во авионот немало патници туку летот го изведувала само посадата.

Дефектот на авионот бил бидејќи имало проблеми со предното тркало, кое се заглавило.

Пилотите на владиниот авион се посомневале во механички дефект при слетување на скопскиот аеродром, но се испоставило дека станува збор за лажна тревога. При стандарна процедура, односно спуштање на опремата за слетување, пилотот и копилотот се посомневале дека предното тркало е закочено.

Тасески вели затоа тие побарале од контролата на летање низок прелет околу кулата за визуелна потврда на дефектот.

По добиениот позитивен и потврден одговор од страна на контролата на летање дека се е во ред со тркалата, пилотите слетаа на Скопскиот аеродром, а како превентива согласно стандардите беше повикана противпожарната единица од аеродромот. Слетувањето беше целосно во ред, соопштија од СОЗР.

При дијагностиката на леталото било утврдено дека се работи за дефект на микропрекинувач, кој затаил да даде правилна информација за позицијата на предното тркало.

“Следува замена на микропрекинувачот, после што авионот ќе биде тестиран и ќе продолжи да лета веднаш штом биде потврдено дека е комплетно функционален и безбеден за понатамошно летање” – поврдија од службата за општи и заеднички работи.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ