
Владината реконструкција се уште во најава
Кој ќе го продолжи празничното славје, а на кого ќе му преседне првомајската скара? Кој ќе мора да стане од министерската фотеља за да отстапи место за новиот коалиционен партнер во власта, а кој од причина што не ја загреал добро?Премиерот се` уште не ги открива имињата, но вели дека причина за промена во владиниот состав може да биде и едното и другото.
Заев побара трпение до задутре, за кога најави дека ќе ги обелодени новите владини партнери и имињата на реконструираните функционери. Од двете крила на БЕСА, иато така тврдат дека преговорите за влез во власта привршуваат.
Африм Гаши и Биљал Касами очекуваат во овие два дена да се сретнат со премиерот, а веќе во среда да има конкретен резултат од тие средби. Од ДПА молчат иако наводно и тие преговараат. За новите коалициони партнери вообичаено има министерски, заменик – министерски места, места на државни секретари и директори. Бројот и важноста на местата што ќе бидат отстапени зависи од тоа што ќе донесе новиот партнер за возврат.
Далиборка Демјанска