
Владината прослава чинела 180 илјади евра, опозицијата бара да се објават трошоците
Сто осумдесет илјади евра чинела прославата под мото „Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ“ која беше организирана во саботата во 15 града низ дражавата под покровителство на Владата. Одлуката за организзирање на прославата била донесна на седница на Владата одржава во вторникот а организацијата на настаните ја водел координаторот за култура, Роберт Алаѓозовски.
„ Организацијата на целиот настан, обезбедувањето на соодветна техника, озвучување, осветлување, бини, редари, технички персонал, сценска опрема, ангажман на 40-тина изведувачи коишто настапија во 15 градови ширум Македонија, транспорт на опрема и технички персонал, промоција на настаните, графички и визуелни решенија и активности за промоција, а се вкупно со сите ставки чини 11.900 евра по град или вкупно 179.500 евра“, соопштија од Влада на РМ.
Во сопштението од Владата се наведени сите трошоци околу прославата а гледано по ставки најмногу чинеле хонорарите на четиресетте артисти кои беа најавени дека ќе настапуваат. За ангажман на изведувачите вкупно се платени 75.500 евра согласно склучените авторски договори.
Бините, звукот и светлото на петнаесетте прослави чинеле 49 илјади евра.
Логистиката за организација на настаните однонсо редарските служби, техничкиот персонал, поставувањето на заштитни огради, шатори, транспорт на опремата и засилувачи за инстументи чинеле вкупно 35.000 евра.
Дваесет илјади евра чинел ангажман на лица за авторски труд за креативен концепт, графички решенија, видео продукција, постпродукција и визуелизација на бините но и на лица чиј единствен ангажман била реализација на промотивна кампања на социјалните мрежи.
Според официјалната информација од Владата, по носењето на одлуката во вторникот бил распишан тендер за логистичкиот дел од прославата на кој се пријавиле три фирми и била избрана најповолната понуда.
Во врска со откажувањето на настапите на групата Љубојна и пеачот Влатко Лозановски, Владата најави дека административната процедура со нив ќе се заврши со спогодба а нивните хонорари не се вклучени во финалната пресметка.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со став дека сумата која ја соопшти Владата е лага и мачкање на очи на јавноста само за да се покрие според нив катастрофата која ја видела целата македонска јавност. Оттаму ја повикаа Владата да ги објави договрите склучени со изведувачи и фирмите и побараа одговорност од Алаѓозовски.
Огнен Чанчаревиќ