
Владина делегација положи свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател на Република Македонија Киро Глигоров
Владина делегација што ја предводеше министерот за здравство Венко Филипче, придружуван од министерот задолжен за подобрување на инвестициската клима за домашните компании Зоран Шапуриќ, и заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.
-Како прв претседател на самостојна и независна Република Македонија, Глигоров имаше клучна улога во процесот на политичкото осамостојување на Македонија и нејзиното меѓународно признавање. Остануваат запаметени, меѓу другото, и неговите ставови за добрососедските односи дека „ние со сите наши соседи сакаме да имаме добри, пријателски односи, да имаме што поотворени граници, и да се свртиме кон оние проблеми кои не обединуваат, кои бараат заемна соработка – економска, политичка, и друга… И да ја оставиме историјата на страна“, се вели во соопштението од владината прес-служба.
И делегација на СДСМ денеска положи цвеќе и оддаде почит на гробот на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.
Глигоров почина на 94-годишна возраст во Скопје, на 1 јануари 2012 година.