
Владиката Петар задржан од Финансиската полиција на скопскиот аеродром
Владиката Петар задржан на Меѓународниот аеродром Скопје по барање на Финансиската полиција, нешто што и самиот го потврди телевизија Телма.
Тој кажа дека кратко бил задржан на аеродромот поради грешка во процедура, по што бил пуштен да го продолжи патувањето за Австралија, каде што тој исто така служи.
„Ме задржаа на аеродром, но беше направена грешка. Кога луѓето сфатија што направиле, ми се извинија и јас сега патувам за Австралија“, кажа владиката.