Владиката Петар: Црквата која ќе ни помогне ќе ни биде сестра, а не мајка

Црквата која ќе ни помогне, ќе ни биде сестра, а не мајка, затоа што нашата црква е постара и  има корени од апостол Павле, рече преспанско-пелагонискиот владика Петар за барањето Бугарската православна црква да стане мајка црква на МПЦ.  

„Која црква ќе се јави да не претстави, таа секако ќе биде земена во почит како онаа што се грижи за нас  како црква, но не како мајка туку како сестра, зашто таа прва што ќе не признае, на тој начин со неа стануваме и  прва сестра црква призната“, рече митрополитот Петар.

Според Владиката Петар,  оваа улога природно и припаѓаше на Српската православна црква, која ја испушти можноста и ја изгуби почита заради црквата на Врaнишкоски.

„Особено со воспоставувањето на просторите на нашата МПЦ во Репбилка Мкедонија една таканаречена парацрковна органзиација, СПЦ си ги затвори вратите да го имаме тој однос, тој почит што го имавме кон неа и беше природно да не престави пред другите помесни правослвани цркви“, изјави митрополит Петар.

Грчката православна црва побара Бугарската црква да ја преиспита одлуката за  улогата на мајка црква  на МПЦ, затоа што како штo велат   тоа е мешање во јурисдикцијата  на  Српската православна црква. 

Емилија Мисирлиевски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ