Владиката Петар очекува после признавањето на Украинската црква, да дојде ред на МПЦ

Митрополитот Преспанско Пелагониски г. Петар очекува дека Вселенската патријаршија со вистински очи ќе погледне кон Македонската Православна Црква и по признавањето на Украинската црква, на ред ќе дојде и МПЦ.

„Ние ги исполнуваме сите услови, само е потребна вољата на првопрестолната, мајката црква на православието, Всленската Патријаршија, а од таму сигналите се јасни и конкретни, дека по давањето на томосот за автокефалност на Украинската православна црква која би била на ред да добие автокефалност од Вселенската Патријаршија, најверојатно е нашата  МПЦ“, изјави Владиката Петар.

Владиката Петар, вели дека ставот на МПЦ по однос на Преспанскиот договор е непроменет, а одделни изјави на поединци од МПЦ се лично нивни гледишта.

„Секој човек како личност има право да се изјасни, но македонскиот народ го кажува последниот збор, а неговиот суд е вистинскиот суд, а знаеме каков беше и кој беше ставот на мнозинството на македонскиот народ“, рече Владиката Петар.

Битола денеска го одбележува заштитникот на градот,  Свети Нектариј Битолски, а по божествената литургија,  Владиката Петар,  упати порака до младите – рано да се женат и мажат, а оние кои не сакаат да формираат семејства, да се замонашат.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ