Владиката Агатангел останува на повикот до верниците да одат во храмовите за задушница

Иако обвинителството отвори предмет, владиката Агатангел останува на повикот до верниците од Повардарската епархија да одат во храмовите за задушница. Во разговор за Телма не сакаше да коментира за постапката на обвинителството вели тоа што има ќе го каже на обвинителот. Тврди групирања нема да има, но во секој случај посочува дека тоа било негов проблем и ако некој одговара тоа ќе бил тој.

„Вчера видовте како е на пазар и по маркетите, тоа нели е групирање. Сигурно  во дворот на црквата нема да биде како таму ако се постават маси на оддалеченост и секој си носи пченица. Ако дојдете во црквата ќе видите дека има како шах табла на секој метар и половина до два ќе има човек“, рече г, Агатангел.

Сепак, посочи зошто не сме му поставувале прашања на Реизот и не сме оделе во џамиите да прашуваме.  Повардарскиот митрополит г. Агатангел во 2017 ги подржа и протестите „За заедничка македонија“ и се обрати  на собирот во Велес а често ги соопштува своите политички ставови како оној за референдумот за името. Тој не се согласи со писмото што Синодот на МПЦ-ОА го испрати до Бугарската православна црква со кое бараше од бугарската да ѝ биде црква-мајка и да ја признае автокефалноста на Македонската црква.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ