Владата задоволна од новата методологија за преговори со ЕУ

NОбјавувањето на новата методологија е еден од најпозитивните моменти за Македонија по октомвриското не за старт на преговори од страна на ЕУ. Вицепремиерот Бујар Османи со ваквата оценка за предлог-методологијата, изјави оти се надева дека нема да се води дебата околу документот туку оти тој ќе бдие усвоен од сите земји и на крај и од Европскиот совет во март.

Според Османи новата методологија ќе го динамизира на процесот на преговарање, но и поставува јасни принципи за двете страни во делот на отчетноста, односно дека доколку земјата испорача, ќе мора Унијата соодветно да одговори на тоа.

Османи смета дека новата методологија ќе го забрза и отворањето на поглавјата, бидејќи тие се групарани во шест кластери, што значи дека ќе се отовраат истовремено по неколку поглавја, откако, како што предвидува методологијата, ќе се исполнат клучните критериуми за отворање на кластерот. Во методологијата напоменува Османи, нема услов за консекутивно отворање на кластерите, однсо едне по друг, што значид ека ќе ожат да се отовраат кластери напоредно.

Ревирзибилноста на процесот на преговори вицепремирто не ја смета негативност во новата методологија, туку токму спротивно.

И за шефот на дипломатијата Димитров ревизибилноста не е проблем.

Ние, во регионот, немаме од што да се плашиме од воведувањето на реверзибилноста. Најпосле, пристапниот процес постои да ги трансформира реалностите на теренот кон подобро. Повеќе бенефиции за реформаторите и повеќе санкции за тие кои одат назад врз основа на кредибилна објективна оценка за напредокот е чекор напред. Крајно време е за лансирање на здрава реформска конкуренција во нашиот регион“, вели Димитров.

Димиторв притоа верува дека обновениот пристап ќе резултира со двојна победа: отворање на преговорите заедно во усовршен процес.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ