
Владата задоволна – невладините загрижени по одлуката на УНЕСКО
Продолжувањето на рокот до 20 февруари да се отстранат сите забелешки за лошото управување со заштитеното културно и природно наследство на Охридскиот регион, што на барање на македонската владина делегација го одобри Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на заседанието во Баку, Азербејџан, мора сериозно да ги покрене институциите. Тие сега за само шест месеци треба да ги поправат грешките направени во изминатите три децении, кои Охридскиот регион го доведоа на чекор од ставање на Листата на заштитени подрачја во опасност. Од Владата која неставањето на Охрид на оваа листа го смета за дипломатски успех, веат дека резултатите може да се испорачаат.
Екологистите се сомневаат дека нешто значајно може да се направи во заштитата на загрозеното културно и природно наследство на Охрид. Сметаат дека одлуката на Комитетот за светско наследство повеќе е плод на политичко лобирање отколку на резултати, што само ќе ја продолжи агонијата на Охрид. Според нив македонската влада во Баку ја жртвувала можноста да добие меѓународна помош за спас на Охридскиот УНЕСКО Регион.
Впишувањето на Охридскиот Регион на Листата на светско наследство во опасност требаше да се зграби како огромна шанса, можност да се добие меѓународна помош, да се преземат ригорозни корективни мерки, земјата да добие на располагање стручњаци од светски ранг во областа на заштитата на природното и културното наследство, па дури и да се искористи и финансиска поддршка. Колку само полесно ќе беше да се бара помош за обнова на колекторот кога финасиерот знае дека спасува бесценето природно богатство. Исто така, впишувањето на листата во опасност ќе беше повеќе од потребното алиби за власта конечно да се справи со урбаната мафија и да фати нов курс за одржливо управување на Охридскиот Регион, велат од Охрид SOS.
Реактивната мисија на УНЕСКО во 2017 година по извршената инспекцијата на Охридскот регион, испорача 19 барања од кои целосно се исполнети само три. Меѓу нив и ставање мораториум за градба до донесување на Планот за управување со Охридскиот регион, како и отстранување на дивоградбите во заштитените зони, кои според пописот што го го направи општина.
Горан Момировски