Владата за референдум ќе прави информативна кампања, Мицкоски уште размислува и одговара „подобро никаков отколку лош одговор“

Информативна, а не пропаганда кампања тоа е планот на партнерите од власта како да ги информира граѓаните за содржината на договорот со Грција за кој треба да се гласа на референдум. Владата утре на седница ќе одлучува како да се одвива таа кампања.

Власта и опозицијата и натаму различно гледаат на идентитетскиот дел од договорот.

Опозицијата нема да информира, туку ќе се информира од граѓаните, вели Мицкоски кој со двосмислени максими го крие ставот за референдумот.

За разлика од домашните политичари, јасна порака упати Евелин Фаркаш, поранешен припадник на американското министерство за одбрана.

Сите овие пораки беа кажани за време и после одбележувањето на 17 години од Рамковниот договор.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ