Владата воведува прогресивен данок

Министерот за финансии Драган Тевдоски на прес конференција соопшти дека Владата одлучила да се воведе праведен данок и да се напушти рамниот.

Даночната реформа ќе значи воведување на дополнителни 8 проценти за делот од доходот кој поминува 90 000 денари. Ова значи дека до 90 000 денари доход, данокот останува 10 проценти само на делот кој надминува 90 000 денари би се плаќале дополнителни 8 проценти.

Тевдоски даде пример со плата од 100 000 – за 90 000 денари ќе се плаќа 10 проценти данок, а за 10 000 денари ке се плаќа 18 проценти.

Тој кажа дека прагот од 90 000 денари е избран затоа што ги опфака најдоходовните 1 процент од населението во Македонија.

Државата од воведувањето на прогресивен данок би добивала 25 милиони евра кои како што кажа министерот ќе бидат искористени за борба против сиромаштијата.

Освен ова, се зголемува  даночното ослободување на платите и пензите односно  делот на кој не се плака данок на 8000 денари месечно.

Според пресметките – ако досега бруто плата од 140 илјади денари изнесувала  92  732 денари нето, сега ќе изнесува 92 444 денари, односно  дополнителниот данок ќе изнесува 289 денари или 0,2 проценти од бруто плата . Со  овие средства ке се финансира социјалната реформа.

„Секој граѓанин треба да има шанса за подобар живот – најдоходовните 1 процент од луѓето во Македонија во 2017 заработувале по 4486 евра месечно. Ова е за 14,4 пати повеќе од просечниот доход на граѓаните на Македонија  и  ја става Македонија на прво место по социјалната нееднаквост“ кажа Тевдоски.

Според Тевдоски праведниот данок се применува во  најуспешните економии во светот – во ЕУ и во САД.

Рамниот данок додаде Тевдоски бил воведен само да им служи на богатите и веке го напуштаат и поранешните социјалистички држави.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ