Владата ветува вложувања во РЕК Битола и РЕК Осломеј и зголемување на еколошкото производство на електрична енергија

РЕК Битоа е електронергетскиот стожер во државата, а состојбата во комбинатот не е розова. Но имаме долгорочен план како да ја подобриме работата, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев, на денешното одбележување на Денот на рударите во РЕК Битола. Во комбнатот и рудниците мора да се работи домаќински, затоа што само така може да се задржи стабилноста на системот, додаде Анѓушев

„Мора да се подобри состојбата во рудникот Брод-Гнеотино, да се подобри состојбата со ископите и од таму да се добијат ако не предвидените 2 милиона тона годишно јаглен, тогаш 1,3 милиони тони. Мора, без алтернатива да се мисли на отворањето на копот Живојно во блисика перспектива. Само тој начин ќе се обезбеди континуирана работа на РЕК Битола кој е неопходен за електроенергестскиот систем во РМ“, изјави вицепремирот Кочо Анѓушев.

Покрај вложувањата во РЕК Битола за  набавка на сопствена механизација за ископ на јаглен, од ЕЛЕМ велат дека се прават напори за повторно консолидирање на кичевската електрана РЕК Осломеј, но, истот така се вложува и во еколошко производство на електрична енергија.

„Нашата заложба е инвестициите во комбинатите, да одат паралелно со еколошките сегменти, вложуваме во редовно отпепелување според сите протоколи, поставување електростатски филтри, пошумување во околината на комбинатите, и редица други мерки“, изјави Драган Миновски, директор на ЕЛЕМ.

Од комбинатот посочија дека изминатата зима  се соочиле со голем број проблеми при ископот на јаглен, но, сите биле успешно надминати, а за заложбите денеска беа наградени 57 вработени во РЕК Битола.  Од раководсвото велат дека целосно се подготвени  за новата грејна сезона.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ