Владата утрешната седница ќе ја одржи во Битола

Македонската влада утрешната редовна 159-та седница утре ќе ја одржи во Битола, во зградата на општината.

Од владата најавуваат дека ова ќе биде прва од низата седници кои во наредниот период ќе се одржуваат во различни региони во државата.

Со седницата ќе претседава претседателот на владата на Северна Македонија, Зоран Заев и на неа ќе присуствуваат сите министри додека како гости поканети се градоначалниците од Пелагонискиот регион, од општините Битола, Прилеп, Крушево, Кривогаштани, Долнени, Новаци, Могила и Демир Хисар.

Владината седница ќе започне во 18 часот а на неа приоритет ќе добијат информациите и одлуките за проекти од непосреден интерес на граѓаните на овие општини. Пред одржувањето на седницата , повеќе министри ќе се запознаат со спроведувањето на повеќе владини проекти во општина Битола.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ