
Владата утре ќе се задолжи со сума од 61,7 милиони евра
Владата утре планира да се задолжи со сума од 61,7 милиони евра кај домашните кредитори а веќе следниот ден ќе треба да се раздолжи и да врати сума од близу 30 милиони евра.
Сепак, ова задолжување – не е ставено во календарот на најавени аложувања, каде секој месец до крајот на годината се испланирани по две аукции на државни хартии од вредност.
Од Министерството за финансии – велет дека причината е затоа што претходно најавеното задолжување за овој месец не се одржало, кога исто така имало долг кој требало да се врати.
„Во согласност со календарот за емисија на ДХВ за вториот семестар од 2019, за месец септември беа испланирани две аукции, од кои првата на 10ти септември, а втората на 24ти септември, со цел рефинансирање на долг по основ на претходно издадени ДХВ во вкупен износ од 2,87 милијарди денари и редовно финансирање на буџетските потреби согласно Буџетот за 2019 година и согласно Одлуката за утврдување на максималниот износ на ново задолжување преку ДХВ за 2019 година. Од административно-технички причини аукцијата на 10ти септември не беше одржана, поради што Министерството закажа вонредна аукција на ДХВ за 17ти септември, согласно член 43 од Правилникот за ДХВ, со цел обезбедување на балансирано финансирање и управување со готовинските текови“, велат од министерство за финансии.
Во сега објавените проспекти Министерството за финансии најавува дека ќе има аукција на едногодишни државни обврзници за сума од 17,8 милиони евра и петнаесетгодишни државни обврзници за сума од 43,9 милиони евра.