Македонија Владата треба да ги достави уставните амандмани до Собранието
Денеска истекува рокот кога Владата треба да ги достави уставните амандмани според Договорот од Преспа до Собранието. Генерално, текстот на нацрт-амандманите на Уставот е усогласен, откако вчера премиерот Зоран Заев се сретна со осумтемина пратеници од новата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Денеска ќе се знае дали во Преамбулата ќе се спомене и Охридскиот рамковен договор. Бројот на амандманите ќе биде меѓу 4 и 7, но секој пратеник може да поднесе амандмани на амандманите, рече Заев.
Пратеникот Крсто Мукоски рече дека добиле согласност и разбирање од Заев за нивните барања. А тоа се зацврстување на идентитетот, постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи ги преговорите со ЕУ и поништување на сите амандмани кои произлегуваат од договорт во случај Грција да не го ратификува.
Мукоски изјави дека било договорено од понеделник да почне да работи и телото за помирување и ја повика ВМРО-ДПМНЕ да учествува во работата на тоа тело. Еве точно што изјавија Заев и Мукоски по средбата.



