Владата со трет пакет мерки – за едни тие се добри, други сметаат дека се непочитување на работниците

Третиот пакет економски мерки на Владата наиде на гласни критики од синдикатите и граѓанските здруженија. Сметаат дека со него се потврдува дека Владата не ги почитува работниците и синдикатите.

Во третиот пакет мерки надлежните нудат платежни картички на граѓаните за македонски производи, финансиска помош за студенти и за лица со пониски примања од 15 илјади денари.

За синдикатите ова е еднократна помош, а ги нема системските решенија во кризни времиња.

“Нашиот генерален став за третиот пакет мерки е дека наместо еднократни „дарови“, тој требаше да содржи покрупни, системски промени, во насока на градење на посолидарно општество, кое повеќе ќе се грижи за работничките, работниците, сиромашните и сите други обезгласени и обесправени. Потребни се промени и во системот на социјална заштита, и во поглед на заштитата на работниците” реагираат 11 синдикални и граѓански организации.

Од Finance Think сметаат дека Владата иако се уште не понудила мерки на долг и среден рок, овој пакет е добар и е во согласност на нивните препораки.

Третиот пакет економски мерки на Владата е систематизиран во три главни столбови – платежни картички за граѓаните, директна поддршка на македонското стопанство и поддршка за земјоделците.

Петар Догов

Објавено на
© 2024 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ