Владата со план против лажните вести и дезинформациите

Државните службеници да добијат службени телефони и мејлови, кои ќе се контролираат, со цел да се спречи протекување на чувствителни информации.  Профилите  и објавите на социјалните мрежи да се следат, а доколку се утврди дека содржат лажни вести и дезинформации, да бидат избришани. 

За новинарите кои се акредитирани за следење на владините прес конференции да се воспостават посебни критериуми, а за сето ова да се грижи акциска група предводена од министерот Роберт Поповски, во која ќе има и претставници од кабинетите на претседателот на државата, на Собранието, на неколку министерства и разузнавачки агенции. Ова е дел од владиниот предлог-план за акција против ширење на дезинформации, кој денеска беше најавен од премиерот.

На прашањата, дали со ова се замолчуваат интернет порталите,  колку ќе чини спроведувањето на акцискиот план и кои ќе бидат критериумите според кои ќе се утврдува што точно се подразбира под лажна вест и дезинформација, Заев рече дека сите дилеми ќе се разјаснуваат во јавната расправа  со граѓанскиот сектор и со медиумите.

Вели дека, ова се прави затоа што државата во повеќе наврати се соочила со масовно ширење на дезинформации и злоупотреби поради кои и тој самиот веќе го сменил телефонот и бројот и е изработен дополнителен безбедносен протокол.

Далиборка Демјанска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ