
Владата со негативно мислење за Предлог законот за амнестија за „27 април“
Владата на денешната 104. седница донесе негативно мислење за Предлог- закон за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 април 2017 година, што беше доставен од група пратеници во Собранието на Република Македонија, соопшти владината прес-служба.
На денешната седница Владата одобри Министерството за правда да го достави Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за судовите до Венецијанската комисија, од која се очекува да даде мислење за предложените измени и дополнувања.