Владата скрати 4 милиони евра од буџетот за финансирање на политичките партии

На вечерашната седница на Владата, на предлог на Министерството за правда се донесе Уредба со законска сила за финансирање на политичките партии во 2020 година. Четири милиони евра остануваат во буџетот.

Наместо 0,15% од буџетот, политичките партии ќе добијат само 0,04%, или изразено во цифри, ако за финансирање на политичките партии годинава требаше да им бидат исплатени 320 милиони денари, со Уредбата со законска сила за финансирање на политичките партии во 2020 година, партиите ќе треба да им бидат исплатени вкупно 71.480.556 денари.

Изразено во евра, околу 4 милиони евра се скратени за исплата и ќе бидат пренаменети во буџетот за справување со последиците од пандемијата, а за политичките партии преостануваат нешто повеќе од 1 милион евра кој ќе треба да биде распределен согласно законските прописи.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ