Владата шири „За“ по социјалните мрежи на уште незакажан референдум

„Со договорот, ние имаме право да се определуваме како МАКЕДОНЦИ без никакви ограничувања“.

Овие зборови испишани со бело, а на црвена позадина под сликата на Заев и Ципрас од потпишувањето на договорот во Преспа, беа дел од објавата на фејсбук профилот на владата денеска околу пладне. Тоа не е прва објава со слична содржина која асоцира на кампања за претстојниот референдум.

Слични има и на фејсбук профилот на премиерот. Вчера околу 15 часот Заев објави: Градиме пријателства со кои Македонија добива и заедничка слика со Ципрас на која стои „Грција станува наш поддржувач и промотор“. Во исто време кога на профилот на Заев се појави постот, повеќе грчки и македонски медиуми објавија дека премиерот е на плажа и се одмора на првиот крак на Халкидики. По враќањето од Брисел, премиерот Заев заминал на краток викенд кој на грчките води го минал семејно со вицепремиерот Анѓушев. О

д владата засега само кратко објаснуваат дека кампањата е еден вид поддршка на актуелните процеси кои се позитивни за државата, а за чие остварување треба да се реализира и договорот со Грција со референдум.

Кампањата ја подготвуваат во владината служба за односи со јавност и засега ќе оди преку социјалните мрежи, а ќе се потенцираат моменти кои во службата се битни за да се разбере суштината на договорот со Грција кој треба да помине и референдум. Нема одговор дали има владина одлука за кампањата, кој ја избрал црвено-белата варијанта, и дали за кампањата се трошат и пари на граѓаните. Нема ниту одговор зошто на фотографиите се појавува само премиерот, а ги нема другите министри.

Првата објава во оваа кампања беша постирана на фејсбук во петок попладне, додека владиниот тим се уште беше во Брисел. Додека премиерот Заев беше на викенд во Грција, на неговиот фејсбук беа објавени две пораки и едно видео. Вчера оттаму објави слика со Столтенберг и порака со големо За, за нашиот сојуз со земјите членки на НАТО. Заев напиша и дека столчето за Македонија е поставено, а сега на ред се домашните задачи. Тука спаѓаат судски реформи, слободни медиуми, борба со корупцијата, решавање на слушаите од бомбите и 27-ми април. Најголем залак ќе биде договорот со името. Под објавите на Заев и владата, има и подршка, но и силна критика за референдумот и договорот, па дури и се споделуваат повици за бојкот.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ