
Владата се пофали дека трошела двојно помалку од владата на Груевски
Разликата во трошењето меѓу функционерите на оваа влада во првите 6 месеци од стапување на функцијата, во однос на функционерите на претходната по превземањето на функциите во 2014 изнесува 376 000 евра.
60 функционери во Владата предводени од Заев вкупно потрошиле 355 942 илјади евра, а Владата на Груевски потрошила 730 242 илјади евра Алатката за отчетност на трошоците, покрај вкупни кумулативни бројки прави споредби и по типови на трошоци и разни временски периоди. Овој софтвер покажува дека поединечно, Груевски како тогашен премиер потрошил 84 000 евра, или дупло повеќе од 47 000 евра колку што потрошил Заев . Вакви споредбени податоци има и за сите министри, заменици министри, државни секретари и за генералниот секретар.
Софтверот содржи и наративен дел во кој текстуално се опишува за што биле потрошени парите. Се прават напори во иднина сите други именувани и избрани функционери да ги доставуваат информациите за потрошените пари и причините за трошењето.
Според Поповски, особено тешко било да се убедат луѓето од администрацијата да ги дадат податоците, посебно за периодот од 2014-та година. Софтверот покажува дека најмногу се трошело на авионски карти, угостителски услуги во земјата преку надворешни угостителски објекти, а приближно исто толку е потрошено за угостителски услуги во рестораните, мензите и бифеата во рамките на иституциите. Следниот извештај кој е јавно достапен ќе биде објавен на 31 мај.
Сања Јовановиќ Дамјановска