Владата се подготвува за ребаланс

Владата интензивно размислува за ребаланс на буџетот. Прекројувањето на државната каса ќе се случи кон средината на годината, со што, средствата што јавните претпријатија не ги искористиле и успеале да ги заштедиле ќе се пренаменат за веќе најавените проекти како изградба на водоводи, канализација, градинки и училишта. Според премиерот Заев станува збор за заштеди во висина од 25 милиони евра

Иако Светска Банка и ММФ излегоа со песимистички очекувања за македонската економија, стапката на економски раст од 3,2 %, нема да се корегира. Слабата реализација на капиталните инвестиции во првите два месеца од годинава кога беа инвестирани само 17 мил евра или 4,3 % од планот за оваа година, според Заев, се должи на стагнацијата карактеристична за зимскиот период.

Значителни поместувања во делот на капиталните инвестиции се очекува со изградба на комплекост кај Скопски саем, Лимак, финализација на постапките за централите Чебрен и Галиште и проектите од патната, железничката и комуналната инфраструктура.

Виолета З Стојановска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ