Владата од утре ќе бара 580 милиони евра помош од три банки и фондови

Две најважни мерки се да обезбедиме ликвидност на буџетот, ставајќи го буџетот во служба на министерството за мерки . И да го заштитиме стопнството и секое работно место со инекција во бизнисот,рече Нина Ангеловска министерка за финансии.

На владината седницата го претставивме планот. Изгледа вака:

Во планот за задолжувањето и финансисрањето на буџетот да се искористи еден специјален инструмент – Заем до еврообврзницва до 400 милиони евра за да се сервисираат потребите во време на справување со пандемијата. Ќе биде исплатен со средствата од еврообврзницата. Ова ќе биде заем од странски комерцијални банки по поволни услови. Од понеделник ќе биде отпочнат процесот.

80 милиони евра од ММФ ни стојат на располагање и ќе ги бараме. Од светската банка ќе повлечеме 100 милиони евра. Од понеделник ќе ги доставиме барањата, рече минситерката за финансии Нина Ангеловска.

 

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ