
Владата порача дека одговорност мора да има за сите инволвирани
Портпаролот на владата на Република Северна Македонија, Муамет Хоџа, денеска оцени дека случајот “Рекет” во кој е обвинета и првата специјална обвинителка, Катица Јанева, потврдува дека пред правдата и законите, буквално секој е еднаков и одговорен.
Во име на владата тој повика на темелна и независна истрага , која мора да заврши што е можно поскоро и да ги покаже сите детали. “Одговорност мора да има за сите инволвирани, од прв до последен” – изјави Хоџа.