
Владата поништи 89 распоредувања на Чулев, тој тврди дека немаат такво право
Владата поништи 89 решенија за распоредување на работно место, донесени од техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.
Во владиното соопштение не се наведени причините за поништувањето.
Чулев решенијата ги донел на 6 и 7 февруари.
На ваквата владина одлука преку соопштение реагираше техничкиот министер за внатрешни работи.
Со одлука на Владата може да се поништи пропис или акт на министерството, кој не е во согласност со Уставот и законот, а не може да се поништи конкретно решение за распоредување на работникот, бидејќи истите не се прописи и од тие причини не може да бидат поништени од Владата, туку се поништуваат со соодветна постапка од работен однос, пишува во соопштението на Чулев.