
Владата платила 180 илјади евра за прославата
Прославата организирана од Владата која се одржа во саботата во 15 градови низ државата чинале 179.500 евра. Владата денеска излезе со официјална информација во која е наведено дека со овие пари се платени артистите кои настапуваа како и транспорт на опрема и технички персонал, промоција на настаните, графички и визуелни решенија и активности за промоција.
Според Владата прославата чинела 11.900 евра по град.
Најголема ставка се хонорарите на изведувачите на кои им се исплатени 75.500 евра
Со артистите кои не настапија на прославата, административните процедури ќе завршат со спогодба, стои во информацијата на Влчадата.